Белград, 31. декември 2015 (ИНПРЕС) – Министерот за надворешни работи на Србија Ивица Дачиќ изјави дека Србија на време ќе ја донесе одлуката за кандидатурата за генерален секретар на ОН, но кандидатите на Црна Гора, Македонија и на Хрватска сигурно нема да ја имаат поддршката на Белград.
Тој потсети дека Советот за безбедност неодамна упатил повик до сите земји да предложат кандидати за генерален секретар кој на должност треба да стапи во 2017 година. Тоа значи дека неговиот избор би можел да биде во втората половина од наредната година.
– Србија на време ќе донесе одлука дали ќе имаат свој кандидат или ќе поддржат некој друг, изјави Дачиќ.
Според неговите зборови, Белград нема да ги поддржи кандидатите чии политички ставови се спротивни на националните и државните интереси на Србија. (Крај)
извор: Р.С.Европа фото: архива
