Белград, 23. ноември 2015 (ИНПРЕС) – Средбата на министрите на Советот за безбедност и соработка во Европа (ССЕ), која ќе се одржи во Белград, нема да биде одложена поради безбедносната ситуација во Европа.
Ова го изјавил министерот за надворешни работи на Србија, Ивица Дачиќ.
На новинарско прашање дали има можност средбата да биде одложена поради новосоздадената ситуација, Дачиќ истакнал дека нема да биде одложена и дека има комитет, кој се занимава со организацијата.
Се очекува меѓу гостите да бидат и рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров и американскиот државен секретар Џон Кери. (Крај)
извор: Press onlineфото: архива







