Белград, 3. септември 2014 (ИНПРЕС) – Регионалната соработка и активното учество на Србија во регионалните иницијативи во голема мера помогна за развојот во бројни области.
Ова го изјави министерот за надворешни работи на Србија, Ивица Дачиќ, за српскиот весник Вечерње новости.
Дачиќ учествуваше на стратешки форум, во кој учествуваа над 25 земји.
– Потребно е зајакнување на соработката и заемната доверба во регионот на Југоисточна Европа, а изгледите за членство во ЕУ претставуваат добра рамка за постигнување на оваа цел, изјавил Дачиќ.
Според неговите зборови, перспективата за членство во ЕУ на земјите од Западен Балкан влијаело позитивно на регионалната соработка и на решавање на отворените прашања во регионот. (Крај)
извор: Вечерне Новости фото: архива