Skip to content
Inpress

Inpress

Брзо, Точно, Проверено

  • Дома
  • ВЕСТИ
    • Култура
    • Репортажа
  • СВЕТ
    • Балкан
    • Македонија
    • Охрид
    • Струга
  • ХРОНИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЛОКАЛНА САМОУПРАВА
  • СПОРТ
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • Home
  • Балкан
  • Дачиќ ја осуди употребата на сила во Украина

Дачиќ ја осуди употребата на сила во Украина

Белград, 19. јануари 2015 (ИНПРЕС) – Претседавачот на ОБСЕ, српскиот министер за надворешни работи, Ивица Дачиќ, ја осуди употребата на сила во Украина и ги повика сите страни на максимална воздржаност и прекин на огнот.

– Овој циклус на насилство и ескалација на конфликтот не мора да продолжи. Сите страни треба да се воздржат од агресија, заплашување и провокација, рече Дачиќ, во врска со влошувањето на ситуацијата во источниот дел на Украина во последниве денови, особено во областа на аеродромот во Донецк.

Дачиќ рече дека сите точки од договорот треба да се спроведуваат во трилатерална контакт група, а не на бојното поле.

– Апелирам до сите инволвирани страни во конфликтот веднаш да се направат сите напори да се намалат тензиите, да се почитува примирјето и активно, заедно со ОБСЕ, да се вклучиме во целосно спроведување на договорот од Минск, рече Дачиќ. (Крај)

извор: Танјуг фото: архива

Post navigation

Previous Борисов му покажа црвен картон на Плевнелиев
Next Почина Кемал Монтено

Слични вести

Црна Гора забрани мобилни телефони во училиштата

Црна Гора забрани мобилни телефони во училиштата

29 години од потпишувањето на Дејтонскиот мировен договор со кој заврши војната во Босна
1 min read

29 години од потпишувањето на Дејтонскиот мировен договор со кој заврши војната во Босна

Албанската влада размислува целосно да ги забрани Тик-ток и Снепчет
1 min read

Албанската влада размислува целосно да ги забрани Тик-ток и Снепчет

Copyright © All rights reserved. | DarkNews by AF themes.