Две втори места за охридските гимназијалци на зонските натпревари во кошарка
December 19, 2024

Охрид, 19. декември 2024 (ИНПРЕС) – Продолжуваат успесите на охридските гимназијалци на зонските натпревари во кошарка.

Екипите на ОСУ „Св.Климент Охридски“ го освоија второто место и во машка и во женска конкуренција.

Девојките играа против екипата на СОУ „Ибрахим Темо” од Струга во финалето кое заврши со резултат 32:42, а момците кои исто така одиграа финале против екипата од струшкото средно училиште, завршија со резултат 58:64. (Крај)

извор: ИнПрес фото: архива