Љубљана, 15. септември 2014 (ИНПРЕС) – Две жртви и стотици евакуирани лица е епилогот од поплавите во Словенија предизвикани од надојдените води по обилните врнежи во текот на викендот.
Се удави 17-годишно девојче, а едно лице е исчезнато, откако нивниот автомобил бил однесен во поплавите во североисточниот дел на Словенија. Инцидентот се случил во Врањске, на околу 50 километри северно од главниот град Љубљана.
Локалните медиуми јавуваат за стотици поплавени згради и куќи, како и за затворени патишта во централните и источните делови на Словенија. (Крај)
извор: balkaninsight фото: архива