Охрид, 26. јули 2023 (ИНПРЕС) – Поради настанат дефект на водоводната мрежа, денес од 09:00 часот, неколку часа без вода ќе бидат корисниците на дел од населбата Коњско, информираат од ЈП „Водовод“ Охрид.
Викендов жителите на Коњско алармираа дека 24 часа се без вода. Од Општина Охрид информираа дека екипи на „Водовод“ работеле на санација на три поголеми дефекти на главната водоводна линија. (Крај)
извор: ИнПрес фото: архива
