Атина, 12. ноември 2015 (ИНПРЕС) – Судири меѓу полицијата и демонстранти избија во Атина меѓу поворките кои се дел од 24-часовниот генерален штрајк во Грција, соопштува британскиот весник The Guardian.
Демонстрациите во грчката престолнина почнале мирно. На плоштадот “Синтагма” група млади се одвоиле од поворката и почнале да фрлаат Молотови коктели на полицијата, која одговорила со солзавец.
Бунтовници запалиле патна бариера и фургон на телекомуникациската компанија OTE во која државата има удел. Бил осквернавен и гробот на незнаен јунак на плоштадот “Синтагма”.
Постепено судирите се преселија кон плоштадот “Омонија”. (Крај)
извор: BBC фото: архива