Warning: Attempt to read property "post_excerpt" on null in /home2/totomk/public_html/new.inpress.mk/wp-content/themes/darknews/single.php on line 43
Атина, 06. февруари 2015 (ИНПРЕС) – Повеќе од 4.000 луѓе се собраа на плоштадот “Синтагма” во Атина на демонстрациите против мерките за штедење.
Протестот е поддршка на ставот на новата влада кон Европската Унија, која сака да биде ставен крај на строгите буџетски правила. Луѓето се организирале во социјалната мрежа под слоганот “Не на уценувањето”.
Демонстрациите се разликуваат од претходните протести на “Синтагма”, каде за време на кризата имаше тешки судири меѓу демонстранти и полиција. Сега нема бариери и речиси не се гледа полицијата.
Ова е првата голема демонстрација против мерките за штедење, откако левичарската партија СИРИЗА победи на изборите на 25 јануари и формираше влада. (Крај)
извор: бгнес фото: архива
