Денеска и утре забрана за паркирање на улицата „Ѓорче Петров“
February 28, 2023

Охрид, 28. февруари 2023 (ИНПРЕС) – Поради изведување на градежни активности за асфалтирање на улицата „Ѓорче Петров“, денес, 28-ми февруари и утре, 1-ви март на сила ќе биде забрана за паркирање на оваа улица.

Станува збор за потегот од крстосницата со улицата „Марко Несторовски“ до пресекот со уличниот крак кој води кон станбениот комплекс „Христо Узунов“.

– Жителите од овој дел на градот да ја почитуваат забраната за паркирање и да ја намалат фреквенцијата на сообраќај на овој потег, додека траат градежните активности, апелираат од Општина Охрид. (Крај)

извор: ИнПрес фото: архива