Skip to content
Inpress

Inpress

Брзо, Точно, Проверено

  • Дома
  • ВЕСТИ
    • Култура
    • Репортажа
  • СВЕТ
    • Балкан
    • Македонија
    • Охрид
    • Струга
  • ХРОНИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЛОКАЛНА САМОУПРАВА
  • СПОРТ
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • Home
  • Вести
  • Денеска охридска промоција на „Прости песни (на кого помислуваш кога смртта мисли на тебе)“ од Александра Спасеска

Денеска охридска промоција на „Прости песни (на кого помислуваш кога смртта мисли на тебе)“ од Александра Спасеска

1 min read

Охрид, 29. август 2023 (ИНПРЕС) – Во издание на ПНВ Публикации, вечерва, во кафе и бар Shilla во Охрид ќе се  одржи промоцијата на стихозбирката „Прости песни [на кого помислуваш кога смртта мисли на тебе]“ од Александра Спасеска.

Модераторка на настанот кој ќе започне во 18:00 часот ќе биде поетесата Долорес Атанасова- Лори, којашто во освртот кон книгата ќе истакне:

„’Прости песни‘ во себе го носи гласот на авторката Александра Спасеска, што се јавува како на сон или во мигови на длабоко, мисловно вникнување, и нѐ води низ лавиринтите на она што е таа-жената, лавиринтите на чезнеењето по другиот, таа е гласот што ја исцртува мапата на интимни патувања во себе, длабоко во нејзиниот свет.“

Додека, пак, во поговорот поетесата Снежана Стојчевска ќе истакне:

„Со оваа книга Спасеска го продолжува везот на проста и строга македонска песна, ткаена од копнеж и болка и успева да изгради музеј на болката“.

Дебитантската стихозбирка на Спасеска содржи шеесетина песни поделени во три циклуса: „Писма до неа“, „Песни за неговата песна“ и „Земање збогум“. По успешната промоција на „Прости песни“ на Саемот на книгата 2023, и распродадено прво издание за само 13 дена, како и одличното претставување пред домашната публика во Прилеп, авторката, новинарка и преведувачка Спасеска ќе ја претстави „Прости песни“ во Охрид, за кој вели дека е нејзиниот „судбински град“.

Александра Спасеска (1984, Кавадарци) дипломирала на Катедрата за англиски јазик и книжевност при УКИМ. Работела во дневниот весник „Вест“ речиси до неговото згаснување, а во моментов е заменичка на главниот уредник во „Кајгана Медиа“. Таа е дел од тимот на Дијалог – Центар за делиберативна демократија, пишува за феминистичката платформа „Медуза“ и е со-координаторка на македонскиот огранок на организацијата „Модна револуција“. Авторка е на блогот „Александрина Везилка“. Нејзини песни се застапени во „Самодиви: панорама на македонската поезија пишувана од жени, од преродбата до денес“, приредена од Славе Ѓорѓо Димоски и Јулијана Величковска, што беше промовирана на 35. Поетска ноќ во Велестово, а нејзиниот втор поетски ракопис „Координати на болката“, влезе во потесниот избор за наградата „Антево перо“ за 2023 година и се закити со признанието „Антев златник“. Нејзината поезија била објавувана и во неколку онлајн изданија, печатени антологии и книжевни списанија. Застапена е во печатеното издание на книжевниот зборник The San Antonio Review од Сан Антонио, Тексас (САД). Учествувала на повеќе поетски читања.

извор: ИнПрес фото: архива

Post navigation

Previous Св. Јоаким Осоговски
Next Денеска ќе се одржи 31. седница на Советот на Општина Охрид

Слични вести

Таеквондисти од МТТФ учествуваат на Европско ИТФ првенство во Грција Таеквондисти од МТТФ учествуваат на Европско ИТФ првенство во Грција

Таеквондисти од МТТФ учествуваат на Европско ИТФ првенство во Грција

Објавени огласите за упис на првачиња, документите ќе се доставуваат во текот на месец мај Објавени огласите за упис на првачиња, документите ќе се доставуваат во текот на месец мај

Објавени огласите за упис на првачиња, документите ќе се доставуваат во текот на месец мај

Охрид домаќин на 91 Средба на правниците, ќе се одржи од 23 до 25 април Охрид домаќин на 91 Средба на правниците, ќе се одржи од 23 до 25 април

Охрид домаќин на 91 Средба на правниците, ќе се одржи од 23 до 25 април

Copyright © All rights reserved. | DarkNews by AF themes.