Skip to content
Inpress

Inpress

Брзо, Точно, Проверено

  • Дома
  • ВЕСТИ
    • Култура
    • Репортажа
  • СВЕТ
    • Балкан
    • Македонија
    • Охрид
    • Струга
  • ХРОНИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЛОКАЛНА САМОУПРАВА
  • СПОРТ
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • Home
  • Вести
  • Денеска продолжува судскиот процес во случајот Пендиков

Денеска продолжува судскиот процес во случајот Пендиков

1 min read
Денеска продолжува судскиот процес во случајот Пендиков

Охрид, 12. јули 2023 (ИНПРЕС) – Денеска треба да продолжи судскиот процес за физичкиот напад врз поранешниот секретар на сега укинатото бугарско здружение „Цар Борис III“ во Охрид, Христијан Пендиков.

На минатото рочиште охридското Обвинителство до судот достави дополнување на медицинското вештачење. Одбраната на еден од обвинетите Илија Спасески побара одложување на рочиштето за да се проучат новите докази, судијата Бојан Мартиноски не дозволи, по што адвокатите на обвинетиот ја напуштија салата. Обвинетиот Спасески рече дека сака да се брани со адвокат и побара одлагање, а нов термин за рочиште беше утврден 12-ти јули.

Пендиков на претходното рочиште прв пат се појави во охридскиот Суд. Во првата изјава за домашните медиуми по сите случувања од нападот врз него на 19-ти јануари годинава, Пендиков кој претходно тврдеше дека неговата безбедност во Македонија е загрозена, рече дека не се плаши да доаѓа на рочишта, додавајќи дека добивал бројни смртни закани.

– Сега сум подобар, иако има уште прегледи што ми следуваат. Се надевам дека ќе можам да патувам, на 12-ти јули сакам да го остварам моето право, треба да се соработува со судот. Не се плашам додека сум тука, ама не е убаво чувството да добивате по 20-30 смртни закани преку социјални мрежи, изјави Пендиков на 31-ви мај.

Инцидентот со Христијан Пендиков се случи на 19-ти јануари во кафе-бар на Кејот на Охридското Езеро во Охрид. Случајот предизвика тензии во односите меѓу Софија и Скопје.

На почетокот на мај Пендиков стана бугарски државјанин, а церемонијата се одржа во салата во која вообичаено претседателот на Бугарија врачува ордени и пречекува странски делегации.

Тој беше секретар на сега згаснатиот бугарски клуб во Охрид, со контроверзно име „Цар Борис III“. Откако беше претепан, Пендиков беше префрлен со бугарски владин авион во Софија каде што беше лекуван, доби стан и полициска заштита.

Против него, се води и предмет во охридското обвинителство поради омаловажување на македонскиот народ и Македонија.

извор: ИнПрес фото: архива

Post navigation

Previous Народни обичаи и верувања за Петровден
Next Македонија во портокалова фаза, температури над 40 степени

Слични вести

Јакимоски: Група ентузијасти без музичка наобразба го формиравме ВИС „Соколи“, настапувавме на игранки што за тогашната младина беа доживување Јакимоски: Група ентузијасти без музичка наобразба го формиравме ВИС „Соколи“, настапувавме на игранки што за тогашната младина беа доживување
1 min read

Јакимоски: Група ентузијасти без музичка наобразба го формиравме ВИС „Соколи“, настапувавме на игранки што за тогашната младина беа доживување

ОЈО Струга оформи предмет за загадувањето на водата за пиење во градот ОЈО Струга оформи предмет за загадувањето на водата за пиење во градот
1 min read

ОЈО Струга оформи предмет за загадувањето на водата за пиење во градот

Утре започнува фудбалскиот турнир „Езерска бизнис лига“ Утре започнува фудбалскиот турнир „Езерска бизнис лига“
1 min read

Утре започнува фудбалскиот турнир „Езерска бизнис лига“

Copyright © All rights reserved. | DarkNews by AF themes.