Skip to content
Inpress

Inpress

Брзо, Точно, Проверено

  • Дома
  • ВЕСТИ
    • Култура
    • Репортажа
  • СВЕТ
    • Балкан
    • Македонија
    • Охрид
    • Струга
  • ХРОНИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЛОКАЛНА САМОУПРАВА
  • СПОРТ
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • Home
  • Вести
  • Денес акција за собирање текстилен отпад

Денес акција за собирање текстилен отпад

Денес акција за собирање текстилен отпад

Охрид, 1. јуни 2026 (ИНПРЕС) – Нова акција за собирање текстилен отпад.

Граѓаните во текот на денешниот ден ќе може да ја остават старата облека во специјалните контејнери поставени на неколку локации.

– Локации каде може уредно да ја одложите старата облека во контејнерите на Тексомак, поставени на неколку локации: задниот двор на КАМ Вилиџ, дворовите на Гимназијата, СОСУ „Кирил и Методиј“ и ОЕМУЦ „Св. Наум Охридски“ како и во дворовите на основните училишта „Григор Прличев“, „Св. Наум Охридски“ – Пештани и „Ванчо Николески“ – Лескоец. Одлагањето во дворовите на основните и средните училишта ќе биде возможно во рамките на работното време. Напомена: Не се одлагаат стари обувки, чанти, итн, информираат од ЈП „Охридски комуналец“.

Текстилниот отпад е еден од најбрзорастечките видови отпад денес, а само околу 12% од целиот текстилен отпад се рециклира. Облеката што ја носиме сè пократко најчесто завршува на депонии и ѓубриштата, наместо повторно да се користи. Таму, текстилот се распаѓа многу бавно (до 200 години за синтетичките материјали), при што ослободува метан, гас што придонесува за климатските промени, како и исцедок што ја загадува почвата и подземните води со токсични материи. (Крај)

извор: ИнПрес фото: архива

Post navigation

Previous 15 години Народен театар Охрид ќе бидат одбележани во среда со ретроспективна изложба и премиера на „Оркестар Титаник”
Next „Цветни балкони-Цветен Охрид“: 400 жардиниери со саксиско цвеќе за охриѓани во чест на Светскиот ден на животната средина

Слични вести

ЈП „Охридски комуналец“ апелира – граѓаните и правните лица во Стар град правилно да го одлагаат отпадот ЈП „Охридски комуналец“ апелира – граѓаните и правните лица во Стар град правилно да го одлагаат отпадот

ЈП „Охридски комуналец“ апелира – граѓаните и правните лица во Стар град правилно да го одлагаат отпадот

„Цветни балкони-Цветен Охрид“: 400 жардиниери со саксиско цвеќе за охриѓани во чест на Светскиот ден на животната средина „Цветни балкони-Цветен Охрид“: 400 жардиниери со саксиско цвеќе за охриѓани во чест на Светскиот ден на животната средина
1 min read

„Цветни балкони-Цветен Охрид“: 400 жардиниери со саксиско цвеќе за охриѓани во чест на Светскиот ден на животната средина

15 години Народен театар Охрид ќе бидат одбележани во среда со ретроспективна изложба и премиера на „Оркестар Титаник” 15 години Народен театар Охрид ќе бидат одбележани во среда со ретроспективна изложба и премиера на „Оркестар Титаник”
1 min read

15 години Народен театар Охрид ќе бидат одбележани во среда со ретроспективна изложба и премиера на „Оркестар Титаник”

Copyright © All rights reserved. | DarkNews by AF themes.