Skip to content
Inpress

Inpress

Брзо, Точно, Проверено

  • Дома
  • ВЕСТИ
    • Култура
    • Репортажа
  • СВЕТ
    • Балкан
    • Македонија
    • Охрид
    • Струга
  • ХРОНИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЛОКАЛНА САМОУПРАВА
  • СПОРТ
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • Home
  • Вести
  • Денес почнува втората по ред конференција на ЕУ за Западен Балкан

Денес почнува втората по ред конференција на ЕУ за Западен Балкан


Warning: Attempt to read property "post_excerpt" on null in /home2/totomk/public_html/new.inpress.mk/wp-content/themes/darknews/single.php on line 43

Скопје, 26.август 2015 (ИНПРЕС) – На иницијатива на германската канцеларка Ангела Меркел, од минатата година, ЕУ почна да организира конференција за Западен Балкан, со цел проближување на овие држави кон Европската Унија.

На минатогодинешната, прва ваква конференција, која се одржа во Берлин, беше одлучено дека лидерите на земјите од Западен Балкан ќе добијат 30 милијарди евра од ЕУ кои ќе им бидат на располагање до 2030 година, а ќе бидат наменети за развој на овие земји, и тоа под еден единствен услов: меѓусебна соработка во заеднички проекти.

По конференцијата во Берлин, денес се одржува втората ваква конференција во Виена. Денеска е предвиден состанок на министрите за надворешни работи, а за утре е најавен состанок на премиерите.

Според најавите, самитот ќе го отвори австрискиот канцелар Вернер Фајман кој по завршувањето заедно со германската канцеларка Меркел ќе ја информира јавноста за постигнатите резултати.

Освен нив, на Самитот ќе учествуваат и лидерите на Хрватска, Босна и Херцеговина, Србија, Македонија, Косово, Црна Гора и Албанија. На билателарните состаноци ќе присустува и Хајнц Фишер, претседател на Австрија, Себастијан Курц, министер за надворешни работи на Австрија, како и највисоки претставници на ЕУ, првенствено Федерика Могерини, висок претставник на ЕУ за надворешни работи и безбедност, Марош Шефчович, потпретседател на Европска комисија и комесар за енергетика и Јоханес Хан, европски комесар за проширување и соседска политика.

За вечер е планиран и фудбалски меч меѓу учесниците на кој ќе судат еврокомесарот Јоханес хан и шефот на српската дипломатија Ивица Дачиќ. Едниот фудбалски тим е наречен „идните земји членки на ЕУ“, а во него ќе играат Рама, Бушати, Ахметај, Црнадак, Тачи, Чолаку, Груевски, Попоски, Лукшиќ, Вучиќ и Свилановиќ. Додека вториот, односно „тимот на ЕУ“ ќе биде составен од членови на Европската комисија од Австрија, Хрватска, Германија и Словенија.(Крај)

извор:Капитал фото:архива

Post navigation

Previous Во Брисел дијалог меѓу Белград и Приштина
Next САД го поздравија постигнувањето договор во Брисел меѓу Србија и Косово

Слични вести

Лазаревски за InPress и Супер радио: Учествата на Европско или Светско првенство за нас е огромен успех, како федерација сме една од поуспешните Лазаревски за InPress и Супер радио: Учествата на Европско или Светско првенство за нас е огромен успех, како федерација сме една од поуспешните
1 min read

Лазаревски за InPress и Супер радио: Учествата на Европско или Светско првенство за нас е огромен успех, како федерација сме една од поуспешните

Во сабота Меѓународна подводна еколошка акција за чистење на Охридското Езеро Во сабота Меѓународна подводна еколошка акција за чистење на Охридското Езеро
1 min read

Во сабота Меѓународна подводна еколошка акција за чистење на Охридското Езеро

Охрид во март го посетиле 13.475 странски туристи, најмногу од Франција, Србија и Турција Охрид во март го посетиле 13.475 странски туристи, најмногу од Франција, Србија и Турција
1 min read

Охрид во март го посетиле 13.475 странски туристи, најмногу од Франција, Србија и Турција

Copyright © All rights reserved. | DarkNews by AF themes.