March 31, 2016

Хаг, 31. март 2016 (ИНПРЕС) – Хашкиот трибунал денеска ќе ја објави пресудата за лидерот на српските радикали Воислав Шешељ по обвиненијата за извршени воени злосторства.

Тој е обвинет за злосторства против Хрватите и муслиманите во Хрватска, Војводина и Босна и Херцеговина, во периодот од 1991-1993 година. Пресудата ќе биде изречена во негово отсуство. Од 2003 до 2014 Шешељ беше затворен во Шевенинген, откако доброволно замина во Хаг. (Крај)

извор: Р.С.Европа фото: архива