Skip to content
Inpress

Inpress

Брзо, Точно, Проверено

  • Дома
  • ВЕСТИ
    • Култура
    • Репортажа
  • СВЕТ
    • Балкан
    • Македонија
    • Охрид
    • Струга
  • ХРОНИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЛОКАЛНА САМОУПРАВА
  • СПОРТ
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • Home
  • Вести
  • Денес ќе биде доделена наградата за најдобра детска песна „Тоде“

Денес ќе биде доделена наградата за најдобра детска песна „Тоде“

1 min read

Warning: Attempt to read property "post_excerpt" on null in /home2/totomk/public_html/new.inpress.mk/wp-content/themes/darknews/single.php on line 43

Охрид, 7. март 2023 (ИНПРЕС) – Здружението за поттикнување на развојот на книжевноста и другите уметности „Креативна верига“ денеска на пригодна свеченост ќе ги додели наградите и ќе ги прогласи победниците на конкурсот за најдобра необјавена песна за деца „Тоде“, во чест на поетот и писател за деца, Тоде Илиевски.

На конкурсот пристигнале вкупно 96 творби од исто толку автори. Жирито во состав: Горјан Петревски, Николина Андова Шопова и Живко Грозданоски, ќе ги издвои трите најдобри песни, за кои се предвидени и парични награди:

9.000 денари – I место;
6.000 денари – II место;
3.000 денари – III место.

– Денес навршуваат 71 година од раѓањето на Тоде Илиевски, поет и писател за деца и млади, хуморист, сатиричар, енигматичар, шаховски проблематист и воопшто, вљубеник во игрите. Самиот настан ќе има многу поезија, негова и на учесниците на конкурсот, а ќе може да се ѕирне и во неговата последна збирка за деца „Белиот предел“, велат од Креативна верига“.

Додаваат дека наградените песни и песните што ќе влезат во потесниот избор, ќе бидат објавени во шестиот број на електронското списание „(е)Лит“.

Настанот ќе се одржи во просториите на Библиотеката „Григор Прличев“, со почеток во 13:00 часот, а истиот е организиран со поддршка од Општина Охрид. (Крај)

извор: ИнПрес фото: архива

Post navigation

Previous Жителите на улиците „Кленоец“ и „Српница“ неколку часа без вода
Next ГФК Охрид Лихнидос утре го пречекува Арсими

Слични вести

Здравје: Кој леб треба да го изберете ако имате висок крвен притисок? Здравје: Кој леб треба да го изберете ако имате висок крвен притисок?
1 min read

Здравје: Кој леб треба да го изберете ако имате висок крвен притисок?

Ракометниот првак во Европскиот Куп ќе се решава на охридски терен Ракометниот првак во Европскиот Куп ќе се решава на охридски терен

Ракометниот првак во Европскиот Куп ќе се решава на охридски терен

„Фчаршија фест 2026“ во четврток во Струга „Фчаршија фест 2026“ во четврток во Струга

„Фчаршија фест 2026“ во четврток во Струга

Copyright © All rights reserved. | DarkNews by AF themes.