Деновиве ќе започне новогодишното украсување на Охрид, ќе има организиран дочек на градскиот плоштад
November 27, 2024

Охрид, 27. ноември 2024 (ИНПРЕС) – Деновиве ќе започне новогодишното украсување на Охрид, информираат за Супер радио и InPress од локалната самоуправа.

За украсување ќе се користат реквизитите што веќе ги поседува општината, а за дополнителна набавка се одвоени околу 1.400 000 денари. Новогодишното украсување на градот планирано е да биде завршено пред празникот Св.Климент.

Инаку, на градскиот плоштад ќе има организиран дочек на Новата година, а кој ќе биде задолжен за забавата ќе се дознае наскоро бидејќи при крај е подготовката на програмата. Забави ќе има пред и по дочекот на најлудата ноќ како за возрасните, така и за најмладата популација.

Очекувањата се дека и годинава најголемиот туристички центар во Република Македонија ќе привлече бројни посетители, како од земјава така и од странство. (Крај)

извор: ИнПрес фото: архива