October 9, 2015

Атина, 9. октомври 2015 (ИНПРЕС) – Бебе на имигрантско семејство починало откако гумен чамец со 57 лица се дупна крај бреговите на грчкиот остров Лезбос, пренесува Reuters повикувајќи се на грчката крајбрежна стража.

Едногодишното момче, чија националност засега не е позната, паднало во несвест по потонувањето на бродот синоќа. Детето било примено во болница, каде била констатирана неговата смрт. Останатите мигранти на бродот биле спасени. (Крај)

извор: Reuters фото: архива