Skip to content
Inpress

Inpress

Брзо, Точно, Проверено

  • Дома
  • ВЕСТИ
    • Култура
    • Репортажа
  • СВЕТ
    • Балкан
    • Македонија
    • Охрид
    • Струга
  • ХРОНИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЛОКАЛНА САМОУПРАВА
  • СПОРТ
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • Home
  • Вести
  • Детски хепенинг утревечер на плоштадот „Вангел Наумовски“

Детски хепенинг утревечер на плоштадот „Вангел Наумовски“

1 min read

Warning: Attempt to read property "post_excerpt" on null in /home2/totomk/public_html/new.inpress.mk/wp-content/themes/darknews/single.php on line 43

Охрид, 25. јули 2024 (ИНПРЕС) – Со детски хепенинг од неколку интересни настани, утревечер од 19:30 часот на плоштадот „Вангел Наумовски“ продолжува програмата на Општина Охрид „За сите деца“, под мотото „Културата расте со децата“.

На отворениот простор, присутните ќе можат да ја погледнат изложбата на фотографии „Низ детските очи“ од охридската сликарска школа „Пробај уметност”, која е активност на Здружението „Тактус“ од Охрид. На плоштадот ќе бидат поставени и штафелаи на кои децата ќе можат да цртаат на слободна тема и да ги запознаат основните техники на слкарството со академскиот сликар, охриѓанецот Тони Попов.

Гостин на настанот ќе биде Весна Константинова, авторка на книгата „Рисот Ристе“ која преку интеракција со публиката ќе ја раскаже приказната за овој цртан лик. Децата ќе имаат можност да ги бојат илустрациите на животните кои се застапени во истоимената едиција.

Во рамки на Детскиот хепенинг ќе се одржи четвртото издание на музичко-сценската манифестација „Малите К-2 ѕвездички“. Предвидено е да настапат 20 дечиња со своите песнички кои се напишани и создадени во музичката работилница на познатиот охридски композитор и продуцент Јовица Караилиески. Водител на настанот ќе биде анимираниот лик „Ка Двојче“ од истоимениот Јутјуб серијал.

Бидејќи плоштадот „Вангел Наумовски“ е локација каде што во вечерните часови и тинејџерите го поминуваат своето слободно време, забавната програма ќе продолжи со музички проект на познатиот охридски тапанар Никола Ристовски Тони од 21:00 часот. (Крај)

извор: ИнПрес фото: архива

Post navigation

Previous Оваа сабота по третпат „Вкусете го Охрид – локално“
Next За само 12, 5 евра месечно Германците ќе можат неограничено да одат во кино

Слични вести

ИЈЗ: Значителен пад во бројките на заболени од грип, во Охрид регистрирани помалку од 30 случаи ИЈЗ: Значителен пад во бројките на заболени од грип, во Охрид регистрирани помалку од 30 случаи
1 min read

ИЈЗ: Значителен пад во бројките на заболени од грип, во Охрид регистрирани помалку од 30 случаи

Здравје: Намирници кои придонесуваат за здравјето на бубрезите Здравје: Намирници кои придонесуваат за здравјето на бубрезите

Здравје: Намирници кои придонесуваат за здравјето на бубрезите

Во сабота Охрид домаќин на Државно првенство во традиционално таеквондо Во сабота Охрид домаќин на Државно првенство во традиционално таеквондо
1 min read

Во сабота Охрид домаќин на Државно првенство во традиционално таеквондо

Copyright © All rights reserved. | DarkNews by AF themes.