Warning: Attempt to read property "post_excerpt" on null in /home2/totomk/public_html/new.inpress.mk/wp-content/themes/darknews/single.php on line 43
Брисел, 24. февруари 2015 (ИНПРЕС) – Новата влада на Грција е посветена на реформите, но чекорите кои се најавени во Брисел во замена за продолжување спасувачкиот план, се само првата фаза од преговорите, најави шефот на Еврогрупата Јерун Дејселблум.
– Мислам дека тие се многу сериозни, изјави холандскиот министер за финансии, кој ја предводи групата на своите колеги од еврозоната. Пред пратениците во ЕУ, тој објасни дека разговорите со Грција нема да бидат лесни. „Тоа нема да биде лесно, а програмата на Атина е само првиот чекор“, истакна Дајселблум.
Денес Атина ја испрати листата на предложени реформи до своите кредитори од Европската унија и Меѓународниот монетарен фонд (ММФ). Тие треба да го одобрат планот и да го отворат патот за продолжување на грчката спасувачка програма за следните четири месеци.
Документот ја вклучува и обврската за реформа на даночната политика на земјата, како и ревизија и контрола на трошоците „во секоја област“. Грција ветува дека ќе ги зајакне пензиските фондови, за да се постигнат заштеди и да се елиминираат предвременото пензионирање.
Атина најави подготвеност да направи и реформи во платите на јавниот сектор. (Крај)
извор: АФП фото: АП
