Охрид, 15. јуни 2026 (ИНПРЕС) – Димитар Димоски е првенец на генерацијата 2025/2026 во ООУ „Братство Единство“.
– Димитар Димоски го заокружува своето основно образование со континуиран, беспрекорен одличен успех и примерно поведение кое со години служеше како златен стандард, инспирација и вредносен патоказ за неговите врсници. Сепак, највпечатливиот белег на неговата личност е неговата благородна природа. Димитар е уметничкото срце и естетскиот печат на нашето училиште. Неговиот ангелски глас беше наградуван на бројни натпревари во индивидуално и хорско пеење, велат од училиштето.
Во своето обраќање Димоски истакна дека во изминативе години научил многу работи, добил многу поуки и животни лекции.
– Премногу спомени, успони и падови, но сепак на крајот одличен успех. Наставниците беа мојата поткрепа, а пак сооучениците и другарите мој потик. Работев макотрпно и снаодливо, но крајниот успех не е само мој. Уште еднаш голема благодарност за довербата и за доделената награда ученик на генерација, вели Димоски.
Тој ќе го продолжи своето образование во средното богословско училиште МПБ„Св.Климент Охридски“. (Крај)
извор: ИнПрес фото: архива
