Skip to content
Inpress

Inpress

Брзо, Точно, Проверено

  • Дома
  • ВЕСТИ
    • Култура
    • Репортажа
  • СВЕТ
    • Балкан
    • Македонија
    • Охрид
    • Струга
  • ХРОНИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЛОКАЛНА САМОУПРАВА
  • СПОРТ
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • Home
  • Балкан
  • Договор Сириза и Независни Грци – Прашањето со Македонија го ставаме во мирување

Договор Сириза и Независни Грци – Прашањето со Македонија го ставаме во мирување


Warning: Attempt to read property "post_excerpt" on null in /home2/totomk/public_html/new.inpress.mk/wp-content/themes/darknews/single.php on line 43

Атина, 27. јануари 2015 (ИНПРЕС) – Ние ќе ги поддржиме вашите економски политики, а вие нашите ставови во однос на надворешната политика на Грција, е дел од договорот на новата владина коалиција во грчката влада, крајно левата партија Сириза и крајно десната партија Независни Грци.

Лидерите на двете партии Алексис Ципрас (Сириза) и Панос Каменос (Независни Грци) брзо ја договорија за многумина невозможната коалиција на двете крајности на политичкиот спектар. Десничарската партија се согласи да ги поддржи економските политики на Сириза, утврдени од Ципрас, а новиот премиер нема да може многу да менува во областите каде што партијата на Каменос има забелешки. Ова ги вклучува и прашањата од надворешната политика, како што е постигнувањето договор со поранешната југословенска Република Македонија околу едно сложено име, пишува Екатимерини. Позицијата на Независните Грци е новото име не смее да го содржи зборот Македонија. Оттука, јасно е дека за Сириза најбезболно е ова прашање да го стави во мирување, како и дел од нивната програма за поделба меѓу црквата и државата.

– Извори од Независни Грци велат дека Сириза ќе ги почитува црвените линии на партијата за надворешната политика и за националните прашања, пренесува весникот „Та неа“.

На ред е формирање на новата влада која ќе мора да ја претстави програмата.

Засега кај Ципрас и кај Каменос нема никакви дилеми околи согласноста против мерките за штедење и договорот против „тројката“. (Крај)

извор: Мкд.мк фото: архива

Post navigation

Previous Ципрас доцна попладне ќе положи заклетва како премиер
Next Албанија сруши 64 хотели и ресторани на брегот на Охридското Езеро

Слични вести

Црна Гора забрани мобилни телефони во училиштата

Црна Гора забрани мобилни телефони во училиштата

29 години од потпишувањето на Дејтонскиот мировен договор со кој заврши војната во Босна
1 min read

29 години од потпишувањето на Дејтонскиот мировен договор со кој заврши војната во Босна

Албанската влада размислува целосно да ги забрани Тик-ток и Снепчет
1 min read

Албанската влада размислува целосно да ги забрани Тик-ток и Снепчет

Copyright © All rights reserved. | DarkNews by AF themes.