September 10, 2014

Бања Лука, 10. септември 2014 (ИНПРЕС) – Претседателот на Република Српска, Милорад Додик изјави дека Република Српска не би му пречела некому како независна држава.

– Јас само не верувам во можноста на Босна и Херцеговина како независна држава. На никого Република Српска како независна држава нема да му биде вознемирувачки фактор, рече Додик.

Додик, во посета на радио Бања Лука изјави дека е убеден дека РС ќе биде независна. Говорејќи за проектот “Јужен тек”, Додик рече дека е од големо значење за РС, но дека не може да разбере зошто тоа е попречено од Федерацијата. (Крај)

извор: Б92 фото: архива