Skip to content
Inpress

Inpress

Брзо, Точно, Проверено

  • Дома
  • ВЕСТИ
    • Култура
    • Репортажа
  • СВЕТ
    • Балкан
    • Македонија
    • Охрид
    • Струга
  • ХРОНИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЛОКАЛНА САМОУПРАВА
  • СПОРТ
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • Home
  • Вести
  • Додик: Од Лавров ќе барам вето на резолуцијата за Сребреница во ОН

Додик: Од Лавров ќе барам вето на резолуцијата за Сребреница во ОН

1 min read

Сараево, 16.јуни 2015 (ИНПРЕС) – Претседателот на Република Српска, Милорад Додик, најави дека од шефот на руската дипломатија Сергеј Лавров ќе побара Русија да стави вето на усвојувањето на резолуцијата за Сребреница во Советот за безбедност на Обединетите нации.

Додик, како што пренесува Танјуг, изјавил дека со Лавров ќе се сретна на 18-ти јуни во Санкт Петербург, а во однос на резолуцијата, пак, додал дека таа дополнителни ќе ги зголеми тензиите во Босна и Херцеговина (БиХ).

– Очигледно е дека нема да има заеднички став во Босна околу овој документ, кој има за цел да ги политизира трагедиите и наметнатите квази-вистини за страдањата во Сребреница. Ако се цели на помирување, зошто не се споменат и 3.500 српски жртви, исто така на просторите околу Сребреница, кои настрадаа од Насер Ориќ и неговите луѓе, запрашал Додик.

За него спорна е и точката на резолуцијата за „осудата на негирањето на геноцидот“, која според него има цел да ги натера сите сегашни и идни српски политичари повторно да се извинуваат. (Крај)

извор:Макфакс фото:архива

Post navigation

Previous Продолжува техничкиот дијалог меѓу Белград и Приштина
Next Борисов:Не играјте си со етничкиот оган

Слични вести

Во вторник започнува 10. Меморијален турнир во мал фудбал „Ѓоко Чингоски и Васко Речкоски-Профа“ Во вторник започнува 10. Меморијален турнир во мал фудбал „Ѓоко Чингоски и Васко Речкоски-Профа“
1 min read

Во вторник започнува 10. Меморијален турнир во мал фудбал „Ѓоко Чингоски и Васко Речкоски-Профа“

Аеродромите во Охрид и Скопје меѓу најбрзо растечките во Европа, до мај опслужени 1,6 милиони патници Аеродромите во Охрид и Скопје меѓу најбрзо растечките во Европа, до мај опслужени 1,6 милиони патници
1 min read

Аеродромите во Охрид и Скопје меѓу најбрзо растечките во Европа, до мај опслужени 1,6 милиони патници

Еколошката свест и грижата за животната средина и понатаму ни се на ниско ниво Еколошката свест и грижата за животната средина и понатаму ни се на ниско ниво
1 min read

Еколошката свест и грижата за животната средина и понатаму ни се на ниско ниво

Copyright © All rights reserved. | DarkNews by AF themes.