Skip to content
Inpress

Inpress

Брзо, Точно, Проверено

  • Дома
  • ВЕСТИ
    • Култура
    • Репортажа
  • СВЕТ
    • Балкан
    • Македонија
    • Охрид
    • Струга
  • ХРОНИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЛОКАЛНА САМОУПРАВА
  • СПОРТ
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • Home
  • Балкан
  • Дојче Веле: Дежаву со Грција и нејзиниот долг

Дојче Веле: Дежаву со Грција и нејзиниот долг

1 min read

Warning: Attempt to read property "post_excerpt" on null in /home2/totomk/public_html/new.inpress.mk/wp-content/themes/darknews/single.php on line 43

Берлин/Атина, 21. февруари 2017 (ИНПРЕС) – Продолжуваат тешките времиња за Грција, но не постои вистинска опасност дека земјата ќе биде оставена да пропадне во изборната 2017 година, смета Георг Матес.

Повторно се отворени завесите за грчката трагедија: по Брегзит, Доналд Трамп и ЦЕТА, класичното шоу се врати на европската сцена. Да беше мјузикл, „Спасувањето на Грција“ ќе беше погледан од познатите „Кралот Лав“, „Мачки“ и други. Рецептот за успех на оваа приказна е секогаш ист: се ближи крајниот рок за исплата на рата, Атина повторно се мачи да плати и повторно следуваат преговори за многу потребните реформи- и така завршува уште една нова епизода во сагата за Грција.

Тоа му одговара на премиерот Алексис Ципрас, анализира Дојче Веле.

Секогаш може да го искористи последниот рок за евентуален Грекзит во преговорите со Брисел. Но карузелот од последните седум години не научи нешто: Да, ќе биде тесно. Но не, банкротот на Грција нема да се случи. Прво, на Грците секогаш им е потребно „малку повеќе време“ за да ги насочат работите во вистински правец, како што процени германскиот министер за финансии Волфганг Шојбле во Брисел. Второ, никој сериозно не верува дека администрацијата на Ципрас, по болните пензиски кратења и намалувања на платите, ќе ја загуби силата на домашен терен- кусо пред исплатата на следната рата.

Истото важи и за Европејците: од 2010 ЕУ, ММФ и приватните инвеститори издвоија повеќе од 300 милијарди евра за да ја спасат Грција од банкрот. Кој би имал интерес да ја урне рамнотежата само затоа што Атина се влечка во преговорите, на пример, во однос на либерализацијата на пазарот на трудот? Секако никој, и секако не во моментов кога Брегзитанците и претседателот на САД Доналд Трамп, кои само чекаат уште некоја кавга во ЕУ, доминираат во шоуто.
Во очекување на изборите во Холандија, Франција и Германија годинава, дебатата за Грекзит ќе биде тргната на страна. Секаква дискусија за откажување на долгот на Атина ќе биде вода на воденицата на противниците на еврото и на ЕУ. (Крај)

извор: Дојче Веле фото: архива

Post navigation

Previous Грција конечно го ратификуваше Меѓународниот договор меѓу трите земји за паркот Преспа
Next Одложено екстадирањето на Рамуш Харадинај

Слични вести

Црна Гора забрани мобилни телефони во училиштата

Црна Гора забрани мобилни телефони во училиштата

29 години од потпишувањето на Дејтонскиот мировен договор со кој заврши војната во Босна
1 min read

29 години од потпишувањето на Дејтонскиот мировен договор со кој заврши војната во Босна

Албанската влада размислува целосно да ги забрани Тик-ток и Снепчет
1 min read

Албанската влада размислува целосно да ги забрани Тик-ток и Снепчет

Copyright © All rights reserved. | DarkNews by AF themes.