Skip to content
Inpress

Inpress

Брзо, Точно, Проверено

  • Дома
  • ВЕСТИ
    • Култура
    • Репортажа
  • СВЕТ
    • Балкан
    • Македонија
    • Охрид
    • Струга
  • ХРОНИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЛОКАЛНА САМОУПРАВА
  • СПОРТ
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • Home
  • Вести
  • До ноември собрани речиси 19,5 милиони денари приход од туристичка такса, најмногу гости имало во јули и август

До ноември собрани речиси 19,5 милиони денари приход од туристичка такса, најмногу гости имало во јули и август

1 min read
До ноември собрани речиси 19,5 милиони денари приход од туристичка такса, најмногу гости имало во јули и август

Охрид, 13. декември 2023 (ИНПРЕС) – Од почетокот на годинава заклучно со ноември во општинската каса легнале речиси 19,5 милиони денари по основ на туристичка такса, информираа за Супер радио и InPress од локалната самоуправа.

Во септември е остварен најголем приход од речиси 4,4 милиони денари.

Охрид како најголем туристички центар во Република Македонија забележа една од поуспешните сезони во текот на последните години. Во прилог на тоа одат и бројките на посетители и инкасираното во општинската каса по основ на туристичка такса. Очекувањата се годинава да биде заокружена со поголем приход од туристичка такса во однос на лани, кога изнесуваше 24.327 565 денари.

Инаку, од почетокот на годинава заклучно со септември во Охрид престојувале вкупно 287.346 туристи од кои повеќе од половина, 162.453 биле странски.

Притоа биле остварени 1.052 751 ноќевања, од нив близу 700 илјади се од домашни туристи.

Според податоците од одделението за туризам при Општина Охрид во овој деветмесечен период најмала посетеност се бележи во првиот квартал, со вкупно 20.100 посетители. Сликата во останатите месеци, разбирливо е сосем поинаква. Најмногу гости имало во август, 72.259 и во јули 65.818.

Од статистичките податоци за анализираниот период може да се извлече заклучок дека во месеците февруари, јули и август бројот на странски туристи кои го посетиле Охрид е помала во однос на домашните, додека во останатите месеци доминираат странците.

Пред нас се новогодишните празници, најавите за исполнетост на градот се одлични, па 2023 година ќе ја потврдиме како една од поуспешните последниве години кога е туризмот во прашање. (Крај)

извор: ИнПрес фото: ИнПрес

Post navigation

Previous Водостојот на Охридското Езеро за 2 сантиметри повисок од просекот за декември
Next Најпребарувани теми на Гугл годинава се филмот „Барби“ и војната меѓу Израел и Хамас

Слични вести

Концерт на Јоце Панов на 18-ти март во Македонска филхармонија Концерт на Јоце Панов на 18-ти март во Македонска филхармонија
1 min read

Концерт на Јоце Панов на 18-ти март во Македонска филхармонија

Црвен крст Охрид ќе им додели признанија на граѓаните кои достигнале јубилејна бројка на крводарувања Црвен крст Охрид ќе им додели признанија на граѓаните кои достигнале јубилејна бројка на крводарувања
1 min read

Црвен крст Охрид ќе им додели признанија на граѓаните кои достигнале јубилејна бројка на крводарувања

Работилница за знаковен јазик утре во охридската гимназија Работилница за знаковен јазик утре во охридската гимназија

Работилница за знаковен јазик утре во охридската гимназија

Copyright © All rights reserved. | DarkNews by AF themes.