До 5-ти ноември е продолжен рокот за аплицирање на Годишните конкурси од културата за 2025 година
October 31, 2024

Скопје, 31. октомври 2024 (ИНПРЕС) – До 5-ти ноември, до 16:00 часот е продолжен рокот за аплицирање на Годишните конкурси за финансирање проекти од национален интерес по одделни области и активности од културата за 2025, соопштија од Министерството за култура и туризам.

Посочуваат дека продолжувањето е поради техничките проблеми што настанале поради преоптоварување на системот.

– Сите заинтересирани апликанти да обрнат особено внимание и да аплицираат во соодветните пријави и во соодветните дејности, во смисла на избегнување на можноста за евентуално неподдржување на одреден проект или активност поради несоодветно пополнета апликација, информираат од министерството.

Пријавувањето на Годишните конкурси се врши со електронско аплицирање на Националниот портал за е-услуги: https://uslugi.gov.mk. (Крај)

извор: ИнПрес фото: архива