Skip to content
Inpress

Inpress

Брзо, Точно, Проверено

  • Дома
  • ВЕСТИ
    • Култура
    • Репортажа
  • СВЕТ
    • Балкан
    • Македонија
    • Охрид
    • Струга
  • ХРОНИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЛОКАЛНА САМОУПРАВА
  • СПОРТ
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • Home
  • Вести
  • Државата дава по 80 илјади денари за фотонапонски централи во домаќинствата, 20.000 денари за ПВЦ прозорци и 15.000 денари за сончеви колектори

Државата дава по 80 илјади денари за фотонапонски централи во домаќинствата, 20.000 денари за ПВЦ прозорци и 15.000 денари за сончеви колектори

Скопје, 20. април 2023 (ИНПРЕС) – Министерството за економија како и претходните години нема да го скрати буџетот туку напротив ќе го зголеми буџетот за програмата за обновливи извори на енергија како и поттикнување на енергетската ефикасност. Средствата во оваа програма се во вкупен износ од 70 милиони денари.

Министерството за економија годинава првпат ќе дава субвенции до 80.000 денари за вградување фотонапонски електроцентрали во домаќинствата, а ќе продолжи и со субвенциите за ПВЦ прозорци до 20.000 денари по домаќинство и за сончеви колектори до 15.000 денари.

Министерот за економија Крешник Бектеши вели дека буџетот за оваа намена година не е скратен, туку напротив, зголемен е и изнесува вкупно 70 милиони денари.

Можно е да е слика од 1 лице и соба за вести

– За надомест на дел од трошоците за купени или вградени ПВЦ или алуминиумски прозорци во домаќинствата за 2023 година се предвидени вкупно 25 милиони денари за над 1.200 домаќинства во државата. Со цел да ја подобрат енергетската ефикасност на објектите лицата кои ќе купат или вградат ПВЦ прозорци ќе им обезбедиме поврат на средства до 50 % од трошокот, но не повеќе од 20 илјади денари по домаќинство. За вградување сончеви термални колекторски системи предвидени се 15 милиони денари за над 1000 домаќинства. Кофинансирањето е до 30 % но не повеќе од 15 илјади денари по домаќинство. Третата мерка е надоместување на трошоци на дел од трошоците за купување и инсталирање на фотонапонски електроцентрали за производство на електрична енергија до 6 киловати, согласно новата одлука која ја донесе Министерството за економија во делот на зголемување на капацитетот на инсталирана можност во секое домаќинство. Тука се предвидени 30 милиони денари и ќе опфати над 400 домаќинства, како мерка што првпат се спроведува во нашата држава. Повратот ќе биде до 30 5 но не повеќе од 80.000 денари, рече министерот Бектеши.

Дополнително на тоа, министерот Бектеши потсети дека согласно новиот Правилник и останатите законски акти обврска на универзалниот снабдувач на електрична енергија е да го преземе произведениот вишок енергија од домаќинствата, да им ја плати произведената енергија или да им ја надомести на оние кои ќе се одлучат за вакви инвестиции.

За Струмица и Куманово, каде што веќе има мрежа за природен гас, се предвидени субвенции за приклучок на мрежата во висина од 70% од трошокот, но не повеќе од 25.000 денари.

Министерството за економија до крајот н а мај за стопанството ќе ги кофинансира сите инвестиции во обновливи извори на енергија за сопствени потреби или за производниот процес и ќе покрива 20 % од трошокот. Целат на оваа мерка е да се намали потрошувачката на енергија од универзалниот снабдувач кој се снабдува од ЕСМ. (Крај)

извор: Макфакс фото: архива

Post navigation

Previous Бистата на Славко Јаневски во Струга беше осквернавена и во 2021 година
Next Христијана Парулеска освои сребро на Европското првенство во ИТФ таеквонодо во Италија

Слични вести

ИЈЗ: Значителен пад во бројките на заболени од грип, во Охрид регистрирани помалку од 30 случаи ИЈЗ: Значителен пад во бројките на заболени од грип, во Охрид регистрирани помалку од 30 случаи
1 min read

ИЈЗ: Значителен пад во бројките на заболени од грип, во Охрид регистрирани помалку од 30 случаи

Здравје: Намирници кои придонесуваат за здравјето на бубрезите Здравје: Намирници кои придонесуваат за здравјето на бубрезите

Здравје: Намирници кои придонесуваат за здравјето на бубрезите

Во сабота Охрид домаќин на Државно првенство во традиционално таеквондо Во сабота Охрид домаќин на Државно првенство во традиционално таеквондо
1 min read

Во сабота Охрид домаќин на Државно првенство во традиционално таеквондо

Copyright © All rights reserved. | DarkNews by AF themes.