October 27, 2014

Загреб, 27. октомври 2014 (ИНПРЕС) – Хрватскиот државен долг на крајот на јуни достигна 32,8 милијарди евра или 77% од бруто домашниот производ, покажува статистиката на „Еуростат“.

Податоците на европскиот статистички институт покажуваат дека јавниот долг на Хрватска достигна 75,7% од БДП на крајот на минатата година, а во првата половина на 2014 година тој стигна до 77% од БДП.

Хрватскиот државен долг помеѓу 2010 и 2013 година бележи раст од околу 23% од БДП. Поголемо зголемување на овој показател бележат Ирска (36%), Шпанија и Португалија (32%), како и Словенија со раст на долгот од 33%. (Крај)

извор: АФП фото: АП