Анкара, 22.октомври 2015 (ИНПРЕС)- Речиси 70 отсто од Турците чувствуваат страв од турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган, објави весникот „Хуриет“, повикувајќи се на резултати од анкета на агенцијата „Гезиџи“.
Според анкетата, 68,5 отсто од испитаниците рекле дека се плашат од Ердоган, додека процентот на оние кои не чувствуваат страв од шефот на државата изнесува 25,5 отсто.
– Тоа значи дека двајца од тројца турски граѓани чувствуваат страв од Ердоган. Ако прашате некој Французин дали се плаши од претседателот Франсоа Оланд, најверојатно ќе ви одговри: „не го разбирам прашањето“, наведува „Хуриет“.
Според весникот, друг интересен податок од анкетата е дека 46 отсто од Турците сметаат дека одговорни за неодамнешниот напад во Анкара се групата Исламска држава, турската владејачка Партија на правдата и развојот (АКП) и самиот Ердоган, додека 38 проценти вината ја гледаат во кудската Демократска партија на народтите (ХДП) и илегалната милитантна Курдска работничка партија (ПКК).
извор:МИА фото:архива
