Пустец, 22. јуни 2015 (ИНПРЕС) – Старо-нов градоначалник на единствената македонска општина во Албанија е Едмонд Темелко, кому ова му е трет мандат на функцијата.
Темелко беше кандидат на единствената партија на Македонците, Македонска алијанса за европска интеграција.
Од партијата се надеваат дека и во Советот на општина Пустец ќе имаат мнозинство. Советнички места очекуваат во повеќе општини. со свои листи за советници партијата учествуваше во 16 од вкупно 61 општина. (Крај)
извор: 24 Вести фото: telegraf.mk







