Skip to content
Inpress

Inpress

Брзо, Точно, Проверено

  • Дома
  • ВЕСТИ
    • Култура
    • Репортажа
  • СВЕТ
    • Балкан
    • Македонија
    • Охрид
    • Струга
  • ХРОНИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЛОКАЛНА САМОУПРАВА
  • СПОРТ
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • Home
  • Вести
  • Едукативна недела во НП „Галичица“ од 4-ти до 8-ми ноември наменета за основците

Едукативна недела во НП „Галичица“ од 4-ти до 8-ми ноември наменета за основците

1 min read
Едукативна недела во НП „Галичица“ од 4-ти до 8-ми ноември наменета за основците

Охрид, 31. октомври 2024 (ИНПРЕС) – Во периодот од 4-ти до 8-ми ноември во НП „Галичица“ секој ден ќе се спроведуваат работилници за учениците, со различна тематска содржина.

Првиот ден работилницата е посветена на истражување на природата, а ќе ја предводи Ангела Тасеска Михајловска. На 5-ти ноември присутните заедно со Константин Здравески ќе научат што се тоа екосистемски услуги и како ги вреднуваме истите, следно Дарко Китаноски и Наум Илиески од Еко-Свест од Вевчани ќе објаснат нешто повеќе за кафеавата мечка, а за пештерите и лилјаците во НП „Галичица” ќе зборува Татјана Пуцоска Бунчевска. Едукативната недела ќе биде заокружена со работилницата „Паметно и безбедно однесување во планина” што ќе ја одржи Димитри Димитров, долгогодишен искусен планинар.

За сите работилници потребна е претходна пријава со име, презиме и одделение на мејл адресата taseska_angela@yahoo.com.

Работилниците може да се посетат индивидуално, со родител или во договор со наставник. (Крај)

извор: ИнПрес фото: архива

Post navigation

Previous Христина Трпеска е нов в.д директор на НУ Библиотека „Григор Прличев“ Охрид
Next Еколози и експерти на ОН: Зголемен ризик за загадување, прекумерен риболов и урбанизација на охридскиот регион и езерото

Слични вести

ИЈЗ: Значителен пад во бројките на заболени од грип, во Охрид регистрирани помалку од 30 случаи ИЈЗ: Значителен пад во бројките на заболени од грип, во Охрид регистрирани помалку од 30 случаи
1 min read

ИЈЗ: Значителен пад во бројките на заболени од грип, во Охрид регистрирани помалку од 30 случаи

Здравје: Намирници кои придонесуваат за здравјето на бубрезите Здравје: Намирници кои придонесуваат за здравјето на бубрезите

Здравје: Намирници кои придонесуваат за здравјето на бубрезите

Во сабота Охрид домаќин на Државно првенство во традиционално таеквондо Во сабота Охрид домаќин на Државно првенство во традиционално таеквондо
1 min read

Во сабота Охрид домаќин на Државно првенство во традиционално таеквондо

Copyright © All rights reserved. | DarkNews by AF themes.