Skip to content
Inpress

Inpress

Брзо, Точно, Проверено

  • Дома
  • ВЕСТИ
    • Култура
    • Репортажа
  • СВЕТ
    • Балкан
    • Македонија
    • Охрид
    • Струга
  • ХРОНИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЛОКАЛНА САМОУПРАВА
  • СПОРТ
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • Home
  • Вести
  • Едукативна работилница во Црвен крст Охрид посветена на Никола Тесла

Едукативна работилница во Црвен крст Охрид посветена на Никола Тесла

1 min read

Охрид, 8. јули 2024 (ИНПРЕС) – По повод 168 годишнината од раѓањето на големиот визионер и научник, Никола Тесла, Црвен крст Охрид во партнерство и соработка со организацијата Canadians For Children At Health Risk, од Торонто, Канада организира инспиративна, едукативна, онлајн работилница.

Темата се младите и науката, а е насловена „Никола Тесла: Неговиот живот, пронајдоци и наследство“.

– Домаќини ќе бидат младите волонтери од Клубот на млади на Црвен крст Охрид, а добредојдени се сите оние кои сакаат да дознаат нови, интересни детали од животот и работата на Никола Тесла. Работилницата на англиски/српски јазик, ќе ја води пензионираниот универзитетски професор д-р. Мајда Ѓорѓевиќ, од Образовната Корпорција „Никола Тесла“, Хамилтон Онтарио, Канада. Работилницата онлајн ќе ја следат и млади од организации на Црвен крст од регионот, со кој соработува Црвен крст Охрид, информираат од охридската организација.

Работилницата ќе се одржи во среда со почеток во 20:30 часот во просториите на Црвен крст Охрид. (Крај)

извор: ИнПрес фото: архива

Post navigation

Previous Градскиот хор Vox Lychnidos вечерва настапува во натпреварувачкиот дел на Интернационален хорски фестивал во Ниш
Next Прекин во водоснабдувањето во населбата Гоце Делчев

Слични вести

Објавени огласите за упис на првачиња, документите ќе се доставуваат во текот на месец мај Објавени огласите за упис на првачиња, документите ќе се доставуваат во текот на месец мај

Објавени огласите за упис на првачиња, документите ќе се доставуваат во текот на месец мај

Охрид домаќин на 91 Средба на правниците, ќе се одржи од 23 до 25 април Охрид домаќин на 91 Средба на правниците, ќе се одржи од 23 до 25 април

Охрид домаќин на 91 Средба на правниците, ќе се одржи од 23 до 25 април

Источен Петок Балаклија: Чудата на Пресвета Богородица со изворот кај Цариград! Источен Петок Балаклија: Чудата на Пресвета Богородица со изворот кај Цариград!

Источен Петок Балаклија: Чудата на Пресвета Богородица со изворот кај Цариград!

Copyright © All rights reserved. | DarkNews by AF themes.