Skip to content
Inpress

Inpress

Брзо, Точно, Проверено

  • Дома
  • ВЕСТИ
    • Култура
    • Репортажа
  • СВЕТ
    • Балкан
    • Македонија
    • Охрид
    • Струга
  • ХРОНИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЛОКАЛНА САМОУПРАВА
  • СПОРТ
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • Home
  • Вести
  • Езерскиот водостој за една недела покачен за 4 сантиметри

Езерскиот водостој за една недела покачен за 4 сантиметри

Езерскиот водостој за една недела покачен за 4 сантиметри

Охрид, 18. февруари 2026 (ИНПРЕС) – Значително подобрен водостојот на Охридското Езеро, од почетокот на месецов е покачен за 7 сантиметри, а само последнава недела за 4 сантиметри.

Ваквиот тренд на раст на водостојот трае подолг период.

Според денешните мерења, нивото е на кота од 693,59 м.н.в што е за 20 сантиметри над просечното ниво за овој месец (693,39 м.н.в) и 49 сантиметри над минимално дозволената кота (693,10 м.н.в). Температурата на езерската вода е 6 степени. И додека лани во овој период состојбата беше алармантна, езерскиот водостој годинава е во подобра кондиција.

Во Охрид денес променливо облачно време со сончеви периоди. Ќе дува умерен ветер од северен правец. Максималната температура ќе се искачи до 6 степени.

– Во четврток утрото ќе биде ведро и студено, насекаде со негативни минимални температури. Во текот на ноќта кон петок и во петок ќе има нови врнежи, во пониските места од дожд, на повисоките од дожд и снег, а на планините од снег. Потоа во деновите од викендот времето ќе биде променливо облачно и постудено со умерен до засилен северен ветер. Од понеделник дневната температура ќе биде во пораст, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи на Република Македонија (УХМР). (Крај)

извор: ИнПрес фото: ИнПрес

Post navigation

Previous Започна постапката за воведување директна авионска линија од Саудиска Арабија
Next Утре показна вежба за евакуација по случен земјотрес и давање сигнал за општа опасност

Слични вести

Давид Велковски дел од Европскиот семинар за врвни Таеквон-До судии Давид Велковски дел од Европскиот семинар за врвни Таеквон-До судии
1 min read

Давид Велковски дел од Европскиот семинар за врвни Таеквон-До судии

Хуманитарен концерт „Охрид знае љубов што е“ – Омаж за Григор Копров Хуманитарен концерт „Охрид знае љубов што е“ – Омаж за Григор Копров

Хуманитарен концерт „Охрид знае љубов што е“ – Омаж за Григор Копров

Црвен крст Охрид ќе додели признанија за придонес во развојот на крводарителството во Охрид и Дебрца Црвен крст Охрид ќе додели признанија за придонес во развојот на крводарителството во Охрид и Дебрца
1 min read

Црвен крст Охрид ќе додели признанија за придонес во развојот на крводарителството во Охрид и Дебрца

Copyright © All rights reserved. | DarkNews by AF themes.