Skip to content
Inpress

Inpress

Брзо, Точно, Проверено

  • Дома
  • ВЕСТИ
    • Култура
    • Репортажа
  • СВЕТ
    • Балкан
    • Македонија
    • Охрид
    • Струга
  • ХРОНИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЛОКАЛНА САМОУПРАВА
  • СПОРТ
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • Home
  • Вести
  • Езерскиот водостој продолжува да се намалува, денес е на кота од 693,07 м.н.в

Езерскиот водостој продолжува да се намалува, денес е на кота од 693,07 м.н.в

1 min read
Езерскиот водостој продолжува да се намалува, денес е на кота од 693,07 м.н.в

Охрид, 29. ноември 2024 (ИНПРЕС) – Нивото на водата во Охридското Езеро и понатаму се намалува.

Според денешните мерења на Управата за хидрометеоролошки работи на Република Македонија (УХМР), водата е на кота од 693,07 м.н.в, што е пак за 22 сантиметри под просечното ниво за овој месец (693,29 м.н.в) и 3 сантиметри под минимално дозволената кота 693,10 м.н.в. Температурата на езерската вода, измерена утрово е 11 степени, што е за 1,9 степени пониска од просекот за овој период од годината.

Изминативе пет дена водостојот е намален за три сантиметри. Со надеж дека одговорните ќе преземат соодветни мерки и нема да ни се случи „Преспанизација“ на Охридското Езеро, на OhridPress започнавме со рубриката „До кај сме“ каде секој ден ќе објавуваме по една фотографија од истата локација од процесот на претворање на охридското „Островче“ во полуостров.

Времето денес во Охрид претежно облачно, со услови за повремени врнежи од дожд. Ќе дува слаб ветер од северен правец. Максималната температура ќе се искачи до 10. степени.

– Под влијание на влажна и студена воздушна маса изутрина до понеделник претпладне времето ќе биде претежно облачно, со појава на магла и со повремени врнежи од дожд, кои наместа и особено на западот и југот ќе бидат поројни и пообилни (над 50 l/m2). На планините врнежите ќе бидат од снег, а утре на повисоките места и во некои пониски ќе бидат од дожд и снег. На планините ќе се формира значителна снежна покривка, а особено во сабота во западните делови снежна покривка ќе се создаде и во дел од пониските места, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи на Република Македонија (УХМР). (Крај)

извор: ИнПрес фото: ИнПрес/УХМР

Post navigation

Previous Во Општа болница Охрид формирана комисијата за давање мислење за нега од друго лице
Next АМСМ: Забрана за товарни возила на патот Маврово-Дебар поради обилни врнежи од снег

Слични вести

ИЈЗ: Значителен пад во бројките на заболени од грип, во Охрид регистрирани помалку од 30 случаи ИЈЗ: Значителен пад во бројките на заболени од грип, во Охрид регистрирани помалку од 30 случаи
1 min read

ИЈЗ: Значителен пад во бројките на заболени од грип, во Охрид регистрирани помалку од 30 случаи

Здравје: Намирници кои придонесуваат за здравјето на бубрезите Здравје: Намирници кои придонесуваат за здравјето на бубрезите

Здравје: Намирници кои придонесуваат за здравјето на бубрезите

Во сабота Охрид домаќин на Државно првенство во традиционално таеквондо Во сабота Охрид домаќин на Државно првенство во традиционално таеквондо
1 min read

Во сабота Охрид домаќин на Државно првенство во традиционално таеквондо

Copyright © All rights reserved. | DarkNews by AF themes.