Skip to content
Inpress

Inpress

Брзо, Точно, Проверено

  • Дома
  • ВЕСТИ
    • Култура
    • Репортажа
  • СВЕТ
    • Балкан
    • Македонија
    • Охрид
    • Струга
  • ХРОНИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЛОКАЛНА САМОУПРАВА
  • СПОРТ
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • Home
  • Вести
  • Езерскиот водостој расте, но недоволно да го достигне месечниот просек

Езерскиот водостој расте, но недоволно да го достигне месечниот просек

Охрид, 27. март 2023 (ИНПРЕС) – Продолжува растот на нивото на Охридското Езеро, но и натаму недоволен да се достигне просекот за овој период од годината.

Според денешните мерења на Управата за хидрометеоролошки работи на Република Македонија (УХМР), езерото е на кота од 693,27 м.н.в, што е за 22 сантиметри под просечното ниво за овој месец (693,49 м.н.в) и 17 сантиметри над минимално дозволеното ниво (693,10 м.н.в). Температурата на езерската вода 10 степени, што е над просекот за март.

Можно е да е слика од календар и текст кој вели „министерство землоделство, шумарство водостопанство 1: водостои станица река неделна хидролошка информацила реките иприродните езера 07:30 23.03.23 24.03.23 22.03.23 лепенец вардар вардар вардар 25.03.23 26.03.23 144 27.03.23 просек3 130 20 121 105 32 146 114 86 -струмица струмица 85 26 19 82 ложани- дрим 135 108 102 69 126 68 72 007:30 146.62 146.62 29 73 49 нд 146.62 146.62 146.62 146.62 вода 144.22 842.01 измерени 07:30 часот 843.98 наколец- ез.преспа охрид- ез.охрид 693.27 7.5 8.0 693.49 8.0 8.0 9.0 14.8 9.0 8.0 9.0 10.0 8.0 10.0 нд нд 7.8 одобрил:вс ивица тодоровски вештачко влијание промената“

Последнава недела водостојот е покачен за два, додека од почетокот на месецов за девет сантиметри.
Во Охрид денес променливо облачно време со повремени врнежи од дожд. Максималната температура ќе се искачи до 17. степени.

– Под влијание на влажна и нестабилна воздушна маса денес времето ќе биде променливо облачно со врнежи од дожд. Попладне на повеќе места ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен југозападен ветер. Кон крајот на денот и во текот на ноќта ќе започне да дува засилен северен ветер што ќе услови на планините и на некои повисоки места врнежите да преминат во слаб снег. Утре ќе биде ветровито и студено со значително пониски дневни температури. Ќе дува силен северен ветер, наместа со брзина и над 70 км/час. Потоа во следните денови времето ќе биде стабилно со пониски утрински температури, а дневните ќе бидат во постепен пораст, информираат од УХМР. (Крај)

извор: ИнПрес фото: ИнПрес/УХМР

Post navigation

Previous Истекува рокот за аплицирање за субвенционирање нови авиолинии
Next Жанко ЗШ Голабоски гостин во утринската програма „Добро утро, секое утро“ на Алфа ТВ

Слични вести

ИЈЗ: И понатаму се намалува бројот на заболени од грип, во Охрид евидентирани помалку од 30 случаи ИЈЗ: И понатаму се намалува бројот на заболени од грип, во Охрид евидентирани помалку од 30 случаи
1 min read

ИЈЗ: И понатаму се намалува бројот на заболени од грип, во Охрид евидентирани помалку од 30 случаи

Водата во Долно Лакочереј безбедна за пиење, во Горно Лакочереј забраната останува на сила Водата во Долно Лакочереј безбедна за пиење, во Горно Лакочереј забраната останува на сила

Водата во Долно Лакочереј безбедна за пиење, во Горно Лакочереј забраната останува на сила

Се гради модерна водоводна мрежа во Струга Се гради модерна водоводна мрежа во Струга

Се гради модерна водоводна мрежа во Струга

Copyright © All rights reserved. | DarkNews by AF themes.