Skip to content
Inpress

Inpress

Брзо, Точно, Проверено

  • Дома
  • ВЕСТИ
    • Култура
    • Репортажа
  • СВЕТ
    • Балкан
    • Македонија
    • Охрид
    • Струга
  • ХРОНИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЛОКАЛНА САМОУПРАВА
  • СПОРТ
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • Home
  • Вести
  • Езерското ниво за една недела се покачи за 4 сантиметри, денес е на кота од 693,19 м.н.в

Езерското ниво за една недела се покачи за 4 сантиметри, денес е на кота од 693,19 м.н.в

1 min read
Езерското ниво за една недела се покачи за 4 сантиметри, денес е на кота од 693,19 м.н.в

Охрид, 17. декември 2024 (ИНПРЕС) – Иако минимално, но сепак врнежливиот период придонесе за подобрување на хидролошката состојба на Охридското Езеро, барем тоа го покажуваат мерењата на Управата за хидрометеоролошки работи на Република Македонија (УХМР).

За една недела нивото порасна за 4 сантиметри. Сепак состојбата и понатаму е алармантна со оглед на тоа што водостојот е многу далеку од просекот за овој период од годината.

Според денешните мерења нивото е на кота од 693,19 м.н.в што е за 13 сантиметри под просечното ниво за овој месец (693,32 м.н.в) и 9 сантиметри над минимално дозволената кота (693,10 м.н.в). Температурата на езерската вода, измерена утрово е 8,5 степени и е за нецел степен пониска од просечната.

Со надеж дека одговорните ќе преземат соодветни мерки и нема да ни се случи „Преспанизација“ на Охридското Езеро, на OhridPress продолжува рубриката „До кај сме“ каде секој ден објавуваме по една фотографија од истата локација од процесот на претворање на охридското „Островче“ во полуостров.

Во Охрид денес сончево време со мала локална облачност. Ќе дува умерен ветер од северозападен правец. Максималната температура ќе се искачи до 11. степени.

– До четврток ќе се задржи стабилно и релативно топло време. На планините поради повисоките температури висината на снежната покривка ќе се намалува. По одделни котлини ќе има појава на магла и таму дневната температура ќе биде пониска. Нов влажен бран со врнежи од дожд, а на планините и на повисоките места од снег се очекува во петок попладне и во сабота, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи на Република Македонија (УХМР). (Крај)

извор: ИнПрес фото: ИнПрес/УХМР

Post navigation

Previous Гимназијалците ќе подготвуваат претстава, аудицијата е на 23-ти декември
Next Во Милано, од Нова година, пушењето на отворено е забрането

Слични вести

Концерт на Јоце Панов на 18-ти март во Македонска филхармонија Концерт на Јоце Панов на 18-ти март во Македонска филхармонија
1 min read

Концерт на Јоце Панов на 18-ти март во Македонска филхармонија

Црвен крст Охрид ќе им додели признанија на граѓаните кои достигнале јубилејна бројка на крводарувања Црвен крст Охрид ќе им додели признанија на граѓаните кои достигнале јубилејна бројка на крводарувања
1 min read

Црвен крст Охрид ќе им додели признанија на граѓаните кои достигнале јубилејна бројка на крводарувања

Работилница за знаковен јазик утре во охридската гимназија Работилница за знаковен јазик утре во охридската гимназија

Работилница за знаковен јазик утре во охридската гимназија

Copyright © All rights reserved. | DarkNews by AF themes.