Охрид, 16. август 2023 (ИНПРЕС) – Во сабота „езерско“ фудбалско дерби во Охрид.
Во рамки на второто коло во новата натпреварувачка сезона во втората фудбалска лига, струшки Караорман му гостува на ГФК Охрид Лихнидос. Ова е прв натпревар на домашен терен за оваа сезона за „рибарите“.
Натпреварот ќе се одигра на стадионот „Билјанини извори“ со почеток во 17:00 часот.
ГФК Охрид Лихнидос новата сезона ја започна со гостување во Куманово, каде загуби од екипата на Башкими. (Крај)
извор: ИнПрес фото: архива
