Skip to content
Inpress

Inpress

Брзо, Точно, Проверено

  • Дома
  • ВЕСТИ
    • Култура
    • Репортажа
  • СВЕТ
    • Балкан
    • Македонија
    • Охрид
    • Струга
  • ХРОНИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЛОКАЛНА САМОУПРАВА
  • СПОРТ
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • Home
  • Охрид
  • Еколози и експерти на ОН: Зголемен ризик за загадување, прекумерен риболов и урбанизација на охридскиот регион и езерото

Еколози и експерти на ОН: Зголемен ризик за загадување, прекумерен риболов и урбанизација на охридскиот регион и езерото

1 min read
Еколози и експерти на ОН: Зголемен ризик за загадување, прекумерен риболов и урбанизација на охридскиот регион и езерото

Охрид центар каматаран Охридско Езеро стар дел Охрид Самуилова тврдина

Охрид, 31. октомври 2024 (ИНПРЕС) – Охридското Езеро се соочува со зголемен ризик од загадување, прекумерен риболов и урбан развој, предупредуваат еколозите и експертите на Обединетите нации.

Како што објавуваат светските агенции, а пренесуваат медиумите што пишуваат на теми од областа на екологијата и заштита на животната средина, езерото што е едно од најстарите во Европа со старост од 3,5 милиони години е дом на околу 200 ендемски видови, вклучувајќи автохтони видови пастрмка.

Како особена туристичка атракција езерото претставува и значен извор на приходи, за Македонија и за Албанија што го делат езерото.

Агенциите постсетуваат дека македонската страна на езерото беше прогласена за Светско наследство на УНЕСКО во 1979 година, додека статусот светско природно наследство албанската страна го стекна во 2019 година.

Во август во Охрид издадени 5 одобренија за градба, во Струга и Дебрца по едно

Во својот извештај за 2024 година објавен порано годинава, УНЕСКО предупреди на неконтролираниот урбанизам на езерскиот брег и прекумерниот туризам. Исто така,експертите на ОН упатија предупредувања до Македонија и до Албанија дека не се спроведени мерки за надминување на постојните закани и спречување на појавата нови.

– Состојбата со заштитата на локалитетот не се подобрува и не се забележува тренд за започнување на враќање на неговиот интегритет, стои во соопштението на УНЕСКО.

Биологот Златко Лефков вели состојбата по однос загадувањето „постојано се влошува“ и оти тоа има негативно влијание врз автохтоните видови и биодиверзитетот на езерото.

– Некои видови кои претходно беа ретки или ги немаше … сега го заземаат животниот простор на биолошки важните или автохтоните андемски видови, вели тој.

Според официјални податоци, пишуваат агецниите, во областите околу езерото вклучувајќи ги градовите Охрид и Струга на македонската страна и Поградец во Албанија, сега живеат околу 170 илјади луѓе, што е заголемување за 56 проценти за последните 50 години.

Локалните субјекти посочуваат на потребата од инвестиции во колекторскиот систем за собирање и третман на отпадните води изграден во 1980-тите, бидејќи тој повеќе не може да се справи со притисокот што произлегува од големиот број туристи кои го посетуваат езерото како поевтина алтернатива на морето, вели Орхидеа Тасевска, директорката на Хидробиолошкиот институт во Охрид.

– Постојат предлог-проекти … но државата мора да најде средства за да ги реализира овие предлози, додава таа.

Екологистите, исто така, предупредуваат дека реките кои се вливаат во езерото од Охрид и помалите крајбрежни населби се постојан извор на загадување. (Крај)

извор: А1ОН фото: ИнПрес

Post navigation

Previous Едукативна недела во НП „Галичица“ од 4-ти до 8-ми ноември наменета за основците
Next Китески: На следниот владин повик Општина Охрид ќе бара средства за проектот за Свињишки извори

Слични вести

ИЈЗ: Значителен пад во бројките на заболени од грип, во Охрид регистрирани помалку од 30 случаи ИЈЗ: Значителен пад во бројките на заболени од грип, во Охрид регистрирани помалку од 30 случаи
1 min read

ИЈЗ: Значителен пад во бројките на заболени од грип, во Охрид регистрирани помалку од 30 случаи

Здравје: Намирници кои придонесуваат за здравјето на бубрезите Здравје: Намирници кои придонесуваат за здравјето на бубрезите

Здравје: Намирници кои придонесуваат за здравјето на бубрезите

Во сабота Охрид домаќин на Државно првенство во традиционално таеквондо Во сабота Охрид домаќин на Државно првенство во традиционално таеквондо
1 min read

Во сабота Охрид домаќин на Државно првенство во традиционално таеквондо

Copyright © All rights reserved. | DarkNews by AF themes.