February 17, 2015

Тирана, 17. февруари 2015 (ИНПРЕС) – За помалку од две минути тројца маскирани украле милион евра во центарот на албанскиот главен град Тирана.

Нападот се случил среде бел ден. Нема настрадани.

Крадците нападнале оклопен џип во кој биле парите, а кој требало да тргне кон аеродромот на главниот град.

Албанската полиција назначи специјален тим кој ќе ја испита кражбата. Силите на редот уапсија шестмина чувари од банката. (Крај)

извор: balkaninsight фото: архива