Тирана/Рим, 23. септември 2015 (ИНПРЕС) – Албанските власти екстрадирале во Италија Албанец, обвинет за врбување на луѓе за групата “Исламска држава” во Сирија.
40-годишниот Баки Цоку, кој беше уапсен во јули по барање на Рим, беше транспортиран во Италија во вторникот, се вели во соопштението на полицијата.
Италијанските власти го обвинуваат Цоку дека е дел од мрежата за регрутирање терористи. Тој го привлекол кон групата и внукот, Алдо Кобузи, за кој се претпоставува дека поминал обука за употреба на оружје во Ирак со исламските бунтовници.
Меѓу луѓето се тврди дека била врбувана и неговата сопруга, која го прифатила исламот и отишла во Сирија. (Крај)
извор: ABC News фото: архива