Белград/Кавадарци, 26. октомври 2015 (ИНПРЕС) – ЕК соопшти дека се создаваат 100 илјади места за прилагодуваме на мигранти по “Балканскиот пат”, а 50 илјади од нив ќе бидат во Грција.
Претседателот на ЕК Жан-Клод Јункер изјави дека ЕУ ќе активира свој механизам за цивилна заштита за азил, медицинска помош и храна за мигрантите. За добивање азил во ЕУ сите мигранти мора да бидат регистрирани, објави Јункер по вонредниот состанок за миграција криза по “Балканскиот пат”.
Грција ќе отвори прифатни центри за сместување на 30 000 бегалци до крајот на оваа година, а ОН ќе обезбеди во Грција уште 20 000 места. Високиот комесар на ОН за бегалци од своја страна ќе отвори прифатни центри за уште 50 000 по т.н. “Балкански пат” на мигрантите. Во оваа фаза не е јасно каде точно ќе бидат изградени овие центри.
Според канцеларката на Германија Ангела Меркел враќањето на економските мигранти е услов за решавање на кризата.
– Детално зборувавме механизмите за враќање на економските мигранти, особено од земји како Бангладеш, Пакистан, Авганистан, рече Меркел. Европските финансиски институции, исто така ќе се вклучат во решавањето на проблемите со мигрантите. Медиумите јавуваат за разменети остри реплики меѓу премиерите на Словенија и Хрватска, Зоран Милановиќ и Миро Церар за време на состанокот во Брисел.
Според извори од состанокот , Милановиќ “бил доста агресивен”.
– Оваа средба не доведе до никакви решенија. Сите имаат различно мислење, кои се противат. Нема причина за оптимизам, рече од своја страна претседателот на европскиот парламент Мартин Шулц.
Унгарскиот премиер Виктор Орбан одби да дава изјави. А српскиот премиер Александар Вучиќ рече дека Србија нема да се претвора во “тампон зона“.
Криволак би можел да биде иден камп за мигрантите кои ја натиснаа Европа. Како што дознава Локално.мк од анонимни извори на агенциите на ЕУ за миграции EASO и високиот комесар на ОН за делата на бегалците, веќе имало посета на полигонот Криволак и се размерувало и гледале и проценувале капацитетите, и колава бројка на мигранти и бегалци би можела да се смести веднаш, и што би значело во иднина да се доизгради тој простор. (Крај)
извор: Локално фото: архива
