Атина, 30. ноември 2015 (ИНПРЕС) – ЕК вчера го одобри доделувањето на дополнителна помош на грчката влада за најголемата банка во земјата “Пиреос” во рамките на ревидираниот план за реструктуирање, откако стрес тестот на Европската централна банка покажа дека грчката финансиска институција има потреба од дополнителен капитал, пишува весникот Kathimerini.
– ЕК одобри дополнителна државна помош од 2,72 милијарди евра за грчката банка во рамките на правилата за доделување на државна помош, изјави Комисијата во своето соопштение.
ЕЦБ ги оцени потребите на банката на 4,93 милијарди евра, а 2,72 милијарди евра ќе бидат обезбедени од грчката влада. (Крај)
извор: Kathimerini фото: архива







