Белград, 18. август 2014 (ИНПРЕС) – Преговорите за членство на Србија во ЕУ напредуваат добро, изјави Питер Стано, портпарол на еврокомесарот за проширување Штефан Филе.
Стано посочи дека е извршен аналитички преглед на 18 од вкупно 35 поглавја. Отворање нови поглавја се случува кога земјите ќе одлучат дека се подготвени за овој процес и преговорите можат да започнат, истакна Стано.
Тој посочи дека ЕУ никого не е принудувал, а “Србија направила доброволен избор кога го поднела своето барање за членство во Унијата”. (Крај)
извор: РТС фото: архива
