Атина, 19. мај 2015 (ИНПРЕС) – Претседателот на Европската комисија Жан-Клод Јункер го презема кормилото на преговорите со Грција, како и изненадувачки понуди компромисна алтернативна формула, за да го преполови „Гордиевиот јазол“ и за да може европските партнери да стигнат до договор со грчката Влада.
Така грчките изданија њуз.ин и „Етнос“ информираат за испратен од Еврокомисијата документ до Атина со понудено одлука на грчкиот проблем.
Документот содржи услови за одблокирање во јуни на финансиската помош за Грција од Европскиот стабилизационен механизам и за постигнување на договор со земјата до есен, пишува „Вима“.
Согласно компромисната формула на Јункер, за да се постигне веднаш договор меѓу Грција и нејзините партнери, во документот се предвидуваат следниве работи:
– ММФ да биде изваден од спасувачката програма, да бидат поставени многу низок примарен буџетски суфицит за оваа и следната година, а одлуките на спорните прашања за пензиско осигурување и работничките прашања да бидат одложени за есента.
– Владата на премиерот Алексис Ципрас да прифати пакет мерки во износ од 5 милијарди евра, вклучувајќи и различни даночни и други финансиски прописи, како промена на ДДВ и други, кои ќе поминат во парламентот, за да се покрие буџетската дупка за периодот 2015-2016 година и да се подготви конкретна реформска програма.
Весникот „Вима“ тврди дека предлогот на ЕК е предаден на грчката влада и на останатите институции (ЕЦБ и ММФ), и дека во наредните денови и дури часови се очекува да биде објавена програмата за состаноци, како и свикување на Европската работна група и Советот на министрите за финансии од еврозоната, за да бидат донесени конечните одлуки.
Во Атина премиерот Ципрас рече дека договорот со доверителите е на финалната точка. Министерот за финансии, Јанис Варуфакис исто така, изрази уверување дека договор со доверителите ќе биде постигнат до недела.
Претставничка на Комисијата не ја демантираа објавата, но изјавила дека не може да ја потврди и дека не знае за таков предлог, пишуваат грчките медиуми. “Работиме за постигнување на сеопфатен договор”, одговорила таа.
Запрашан дали ММФ добил план “патоказ” за Грција од Европската комисија, портпарол на Фондот рече дека нема ништо што да додаде на ова прашање.
Претставник на ЕЦБ исто рекол дека не знае за таков план на Комисијата за Грција.
Во меѓувреме, „Катимерин“ објави дека „лошите кредити“ во Грција во првиот квартал на годината скокнаа до 35 отсто, откако на крајот на декември 2014 година биле 34,4 отсто, а на крајот на септември – 34,2 отсто. Забележува дека пред кризата во крајот на 2008 година нефункционалните заеми биле 5 отсто. (Крај)
извор: Локално фото: архива