Охрид, 9. јуни 2026 (ИНПРЕС) – Деветтоодделенката Елена Секулоска е првенец на генерација во ООУ „Григор Прличев“.
– Гордост на генерацијата. Да се биде Прличевец е чест, а да се биде Првенец на генерација е признание што се заслужува со многу труд, знаење и посветеност, велат од училиштето.
Додаваат дека пофалени се учениците: Јана Шешоска, Тамара Целакоска, Софија Виданоска, Софија Смическа, Дарко Крцоски и Ели Богоевска.
– Вие сте најубавиот пример дека трудот, упорноста и љубовта кон знаењето секогаш носат резултати. Со вашите успеси го збогативте името на нашето училиште и покажавте што значи да се биде вистински Прличевец. Ви посакуваме многу успеси на новиот животен пат, храбро да ги следите своите соништа и секогаш со гордост да го носите духот на Прличев со себе. Еднаш Прличевец – засекогаш Прличевец, порачуваат од ООУ „Григор Прличев“. (Крај)
извор: ИнПрес фото: архива
