Анкара, 9. април 2015 (ИНПРЕС) – Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган изрази загриженост од „војните кои го разрушуваат исламскиот свет“, соопштија турските медиуми.
– Во моментов исламскиот свет се раскинува. Вие може да сте од една вероисповед, но ако го наметнувате тоа на друга, вие ја уништите муслиманската заедница. На крајот на краиштата исламот треба да надвладее, истакна Ердоган.
Тој ги повика меѓународните исламистички организации да помогнат да прекинат војните во муслиманските земји. (Крај)
извор: АФП фото: архива







