Skip to content
Inpress

Inpress

Брзо, Точно, Проверено

  • Дома
  • ВЕСТИ
    • Култура
    • Репортажа
  • СВЕТ
    • Балкан
    • Македонија
    • Охрид
    • Струга
  • ХРОНИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЛОКАЛНА САМОУПРАВА
  • СПОРТ
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • Home
  • Балкан
  • Ердоган – Не се исклучува испраќање на војници во Сирија

Ердоган – Не се исклучува испраќање на војници во Сирија

Истанбул, 28. септември 2014 (ИНПРЕС) – Турција не ја исклучува можноста да испрати свои трупи во Сирија, изјави претседателот Реџеп Таип Ердоган во интервју за турскиот весник „Хуриет“.

– Турската армија би можела да помогне во воспоставувањето на зона за безбедност во рамките на меѓународниот договор за бегалците кои се спасуваат од нападите на „Исламската држава“, истакнал Ердоган.

Според него, нападите од воздух се недоволни. Активностите на авијацијата треба да се дополнат со копнени сили, бидејќи без нив не може да има постојан ред.

Досега Турција одбиваше да преземе каков и да е ангажман во рамките на коалицијата која ја создадоа САД против џихадисти од „Исламската држава“, но според турски извори, блиски до власта, оваа недела турското раководство одлучило да ја преиспита својата позиција. (Крај)

извор: Хуриет фото: архива

Post navigation

Previous Николиќ – На Балканот најмногу терористи се врбуваат од Албанија и Косово
Next Засилени мерки на безбедност во Белград поради геј парадата (Фото)

Слични вести

Црна Гора забрани мобилни телефони во училиштата

Црна Гора забрани мобилни телефони во училиштата

29 години од потпишувањето на Дејтонскиот мировен договор со кој заврши војната во Босна
1 min read

29 години од потпишувањето на Дејтонскиот мировен договор со кој заврши војната во Босна

Албанската влада размислува целосно да ги забрани Тик-ток и Снепчет
1 min read

Албанската влада размислува целосно да ги забрани Тик-ток и Снепчет

Copyright © All rights reserved. | DarkNews by AF themes.