Брисел, 25. јули 2015 (ИНПРЕС) – Бугарија сеуште влегува во тројката на земјите-членки на ЕУ со најнизок државен долг спрема БДП, но во исто време е лидер во темпото на раст на задолженоста на годишна основа.
Ова го покажуваат податоците на Еуростат во резултатите на првиот квартал, пренесе REGNUM. Според податоците, во последната година растот на државниот долг на Бугарија во однос на БДП е 10%. На второ место е Хрватска со 6,2%, а истиот показател за Словенија е 4,8%.
Најголемо намалување на долгот за една година е регистрирано во Грција – 5,5%. (Крај)
извор: BTA фото: архива







