September 9, 2015

Белград, 9. септември 2015 (ИНПРЕС) – Делегацијата на Европската унија во Србија е подготвена на молба на Владата на Србија, да обезбеди преку 400 000 евра помош за подготовка на привремено сместување за бегалците во Белград.

За тие цели е изберен и партнер од невладиниот сектор кој ќе ги води проектите од оваа помош, соопштила Делегацијата.

Со тоа итната финансиска помош од ЕУ за Србија за решавање на бегалската криза достигнала речиси 2,5 милиони евра, се наведува во соопштението и се додава дека се водат разговори за понатамошна помош, како и дека ЕУ ќе продолжи да ги поддржува реформите на системот за добивање азил во Србија како и подобрување на контролите на границите. (Крај)

извор: РТС фото: архива